Само со покана
Се влегува со препорака и со покана. Нема јавна регистрација.
Ја изградивме со тимот на Mailander, за Mailander да може со секој клиент да разговара приватно, со глас и писмено.
Тука извршните клиенти на Mailander продолжуваат да работат меѓу состаноците.
Отворете ја апликацијата и последниот одговор ве чека. Допрете го M за да зборувате, или напишете белешка и прикачете датотека.
Кажете го како што би го кажале во иста соба. Може да зборувате до два часа, а прекин на врската не го губи кажаното. Вашите зборови се претвораат во текст.
Одговорот доаѓа писмено, долг колку што треба. Вашите белешки, прилози и снимки остануваат во истиот разговор.
Се влегува со препорака и со покана. Нема јавна регистрација.
Ја отворате со биометријата на својот уред. Кога тоа не е можно, влегувате со еднократен код, SMS или врска испратена по е-пошта.
Користете ја во прелистувач, на iPhone или на Android телефон. Тимот на Mailander ја води од сопствена админ конзола.
Разговорите се приватни. Го покажуваме само она што самиот Mailander го покажува на својата јавна страница на Google Play.
React веб-апликација, нативни iOS и Android апликации и Python backend што ги препишува снимките во текст. Снимката се праќа во мали делови, секој се праќа повторно додека не пристигне. Најавувањето користи WebAuthn (FIDO2).
Да. Кажете ни кој со кого треба да разговара и на кои уреди, и ќе го одредиме обемот со фиксна цена.
Кажете ни што сакате да изградиме. Ви кажуваме од каде да почнеме и што е потребно.
Еден муабет и сѐ легнува на место.
АвторKostadin StambolievОсновач и имагинатор
Pineido, со седиште во Струмица, Северна Македонија, е софтверска компанија што изработува веб-сајти, онлајн продавници, веб и мобилни апликации, автоматизација на бизнис процеси и AI за фирми од земјава и од странство. Работата се испорачува во спринтови од 30 дена по фиксна цена, а кодот е на клиентот.
Објавено